Владата засега не побарала нова вонредна состојба од што зависи датумот за избори
Владата засега не планира да побара ново петто продолжување на вонредната состојба која завршува во недела, што директно може да влијае директно на датумот за избори. Како што информираат од таму велат дека за ова и други прашања поврзани со Ковид-19 ќе заседава и одлучува во текот на следните денови.
„Согласно проценките, во моментов не постојат причини и потреби за продолжување на вонредната состојба имајќи предвид дека здравствениот систем е подготвен за периодот којшто претстои, економските мерки се целосно уредени и во фаза на имплементација, а за евентуални нови рестрикции во иднина вонредна состојба не е потребна“, коментираат од владата.
Вицепремиерот Бујар Османи вчера рече дека Владата за вонредната состојба ќе решава дури в петок, два дена пред нејзиниот истек, но и дека од тоа ќе зависи и датумот за изборите.
Сепак,партиските ставови околу изборно соочување се уште се многу различни. Веќе две недели нема никаква комуникација меѓу власта и опозоцијата за оваа тема.
Од кај шефот на државата Пендаровски, кој всушсност ја носи одлуката за вонредна состојба, велат дека засега нема најава ниту за нова лидерска средба ниту за состанок на советот за безбедност, но нагласуваат дека одлуката за нова вонредна состојба може да се носи дури и на последниот ден од тековната.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
