Loading Video...
Фудбал
17. јуни 2020 - 19:44

ЛН: Македонија - Косово на 8-ми октомври

По две одложувања УЕФА денеска одреди бараж средбата од Лигата на нациите со Косово да се одигра на 8-ми октомври во Скопје. Финалето за ова натпреварување е закажано за месец ноември. 
 
Извршниот комитет на европската фудбалска федерација денеска имаше полни раце работа и одлучуваше за завршните средби од лигата на нациите но и Лигата на шампионите и Лига Европа. 
За нас Македонците донесена е важна одлука бараж средбата од лигата на нациите со Косово да се одигра на 8-ми октомври а веќе на 12-ти  ноември на програмата ќе биде финалниот дуел во кој победникот од овој двомеч ќе одигра со подобриот од второто полуфинале Грузија – Белорусија.