Десетици илјади ливчиња од гласачите во карантин или изолација ќе подлежат на посебни протоколи
Гласачките ливчиња што ќе бидат употребени ден или два пред 15 јули од болните од Ковид-19, од оние кои се во изолација, во карантин, како и хронично болните и лицата над 65 години кои се дома ќе бидат третирани по посебен здравствен протокол.
Државната изборна комисија деновиве ги чека правилата од министерството за здравство за тоа како овие ливчиња што постои можност да се контаминирани со коронавирус ќе бидат вадени од избрачката кутија, како ќе бидат чувани и пакувани во затворени пликови и како ќе бидат избројани од избрачките одбори.
Но освен здравствените протоколи, овие ливчиња имајќи предвид дека овој пат ќе бидат неколку десетици илјади, ќе добијат и посебни безедносни протоколи како ќе бидат чувани два дена пред да бидат избројани со цел никој да не ги злоупотреби.
Првиот човек на ДИК Оливер Деркоски уверува дека ливичињата ќе бидат под постојан полициски надзор.
Партиите велат дека ќе им веруваат на изборните резултати и покрај повеќедневниот избирачки процес.
„Одамна заврши времето кога гласот на граѓаните се злоупотребуваше или попречуваше. СДСМ досега, во повеќе изборни циклуси, го докажа својот демократски и државнички капацитет, покажа што значат фер избори и докажа дека секогаш работи во интерес на државата и сите нејзини граѓани. На 15 јули ќе имаме демократски избори. 100 отсто здравствено безбедни избори, на кои ќе победи СДСМ и коалицијата Можеме“, велат од СДСМ.
Од ДУИ им веруваат на институциите.
Сепак опозциската ВМРО-ДПМНЕ апелира ДИК и полицијата да бидат претпазливи.
Милошоски предупредува дека кредибилни и добро организирани избори овој пат се услов и за Брисел.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
