Loading Video...
Фудбал
25. јуни 2020 - 19:12

Кошаркарската прва лига се проширува на 12 екипи

Кошаркарската федерација на Македонија денеска официјално го прекина првенството во второлигашката конкуренција и ги промовира екипите на ТФТ и Црн Дрим во нови прволигаши. 
Според најавата бидејќи нема испаѓање од прволигашката конкуренција каде не беше прогласен првак, елитната конкуренција се проширува на 12 екипи со влегувањето на ТФТ Скопје и Црн Дрим од Струга. 
Управниот одбор одлучи во наредната сезона дури четири екипи да испаднат од најквалитетната лига и  повторно мак-баскетот ќе се врати на 10 клуба колку што имаше минатата сезона. 
Според тоа во  во Првата лига ќе играат МЗТ Скопје, Работнички, Гостивар, Куманово, Пелистер, Кожув, Еуро Никел, Академија ФМП, Вардар, МЗТ Скопје УБ и новајлиите ТФТ и Црн Дрим.