Македонија
30. јуни 2020 - 16:34

Четири гласачки места во Струмица не ги исполнуваат условите за гласање согласно протоколите

Неколку од избирачките места во струмичкиот регион не ги исполнуваат условите согласно предвидените здравствени протоколи за претстојните избори. Пред се станува збор за избирачки места кои немаат соодветни просторни услови и каде нема можност за потребното растојание и кружно движење на избирачите. Поради тоа тие ќе бидат преместени на други локации со цел да се обезбедат услови за безбедно одвивање на изборниот процес како за гласачите така и за членовите на избирачките одбори.

,, Општина Струмица има 83 избирачки места од кои само четири не ги исполнуваа условите за гласање по новите протоколи за заштита од Ковид 19. За тие четири избирачки места е најдено решение. Преместени се во други институции каде што ќе се одвива гласањето. Другите имаат доволно место за кружно движење, простории со прозорци, имаат пространство и се за нормално одвивање на изборниот процес.,, вели Томислав Андреев – Претстедател на општинска изборна едицина - Струмица.

Во останатите три општини од струмичкиот микро регион  Босилово, Василево и Ново Село промени нема. Сите 57 избирачки места ги исполнуваат предвидените  услови согласно протоколите и во нив граѓаните своето право на глас ќе може да го остварат на местата на кои гласале и до сега.