Летната сезона во охридската ривиера ќе ја спасуваат домашните туристи
Охрид ова лето ја спасува сезоната со домашните туристи.
Домашните туристи ова лето најбројни на охридската ривиера. Поради состојбата со коронавирусот изостанаа бројните странски посетители. Поголема раздвиженост има за викендите а прилив на гости туристичките работници очекуваат за Илинденските празници кога градот го живее шпицот на сезоната. Со примамливи пакет понуди прилагодени според нашиот стандард и протоколи за заштита од ширењето на заразата хотелиерите и приватните станоиздавачи привлекуваат посетителите.
Охрид располага со огромен потенцијал за алтернативен туризам кој треба да се искористи а во светот е се поатрактивен.
Туристичките работници велат дека има интерес од домашните туристи за сместувачките капацитети и се надеваат дека ваучерите за одмор ќе придонесат за ублажување на последиците .Дел од поголемите забавни и културни настани во градот кои беа дополнителна понуда во екот на сезоната се откажани а дел одложени, нивното одржување зависи од состојбата со коронавирусот.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
