Жителите на Чекоштина со предупредувачки протест
Жителите на охридската населба Чекоштина повторно го кренаа својот глас. 100 семејства преку предупредувачки протест бараат решавање на инфраструктурните проблеми.Тие сеуште немаат уличен систем ,адреси,водовод , канализација и осветлување а на патот кој е главна артерија неможе да се разминат две возила .И покрај тоа што станува збор за туристичка атрактивна населба каде има хотел и апартмани а во новиот урбанистички план предвидено е изградба и на два нови хотели немаат елементарни услови за живеење.
Од здружението на граѓани Чекоштина Урбан велат дека се револтирани од игнорантското однесување на локалната самоуправа која нема слух за нивните барања за заживување на населбата .
Од локалната пак на став дека населбата Чекоштина не е во рамки на утврдените урбани зони со уредено градежно земјиште, при што општина Охрид нема обврска за комунално уредување и најавија дека во текот на наредниот период ќе биде исполнето барањето на жителите за решавање на проблемот со осветлувањето.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
