Македонија
3. November 2020 - 22:22
Печалбари од струшките села заболени од Ковид-19
Печалбари од струшките села заболени од Ковид 19 се носат на лекување во странство.Станува збор за лица кои долги години работеле надвор од нашата земја а дел од нивните семејства сеуште живеат таму па поради тоа од болницата од Струга преку осигурителните компании заминувале на лекување бидејќи осигурителната полиса им ги покривала транспортните трошоци за лечење .
Транспортот се вршел според сите мерки протоколи за заштита. Пациентите се пакувале во специјална капсула скафандер приклучена на кислород и инфузија.
Болничките легла во Струга се полнат па поради тоа се прави план за преадаптација на други простории за пациентите со коронавирус.
Инаку од струшката болница досега шест пациенти печалбари се испратени на лекување во Швајцарија.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
