Македонија
5. November 2020 - 12:45
Се полнат болниците во Охрид – надлежните адаптираат нови одделенија
Одделението за нервни заболувања во Охрид се приспособува за прием на пациенти заболени од Ковид-19 .Инфективниот оддел ,геријатрија ,хируршко и интерно се полни со хоспитализирани лица, моментално во болницата има 71 пациент додека на кислородна подршка се 15 а срцево болните кои се позитивни се препраќаат во Kардилошкиот завод.
Се полнат болничките легла и во струшката болница од каде најавија дека за лекување на болните од Ковид-19 се преадаптира детското одделение.
На состанокот на општинскиот кризен штаб меѓу заклучоците беше истакнато дека доколку се јави зголемена потреба од дополнителни капацитети за згрижување на пациенти, би можеле да бидат искористени и останатите здравствени објекти на подрачјето на општината.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
