Македонија
15. November 2020 - 16:32

Османи и австрискиот амбасадор во посета на семејството на загинатиот во виенските напади

Tероризмот претставува опасна закана од која што никој и никаде не е заштитен истакна министерот за надворешни работи Османи по денешната посета на семејството на жртвата во терористичкиот напад во Виена заедно со амбасадорот на Австрија Вуцас Неџип Вренези по потекло од струшко Велешта бил млад образован човек роден и школуван во Австрија а дента кога излегол да го прослави работното место го изгубил својот живот.

Амбасадорот на Австрија Георг Вуцас истакна дека станува збор за индивидуални случаи на радикализам иако и жртвата и напаѓачот потекнуваат од оваа земја.

 (Ние не го вперуваме прстот во една нација,ние не го вперуваме прстот во мигрантите,не го вперуваме прстот кон религиите.Ова се индивидуани случаи на радикализам).

Инаку Неџип на несреќен начин го загуби животот во австриската престолнина тој е е еден од четирите убиени во терористичкиот напад.