Македонија
8. December 2020 - 16:51

Стружани на протест ќе бараат квалитетна и редовна вода за пиење

Под мотото Во време на пандемија без вода е трагедија стружани најавија протест на кој ќе се бара трајно решение за проблемот со недостигот на вода во одредени делови од градот. Граѓаните се револтирани од честите рестрикции ,слабиот притисок на водата и заматување при врнежи од дожд. Тие велат дека години наназад се оставени без нормално и постојано снабдување со вода за пиење  а веќе неколку дена  од 22 часот до пет часот наутро се без вода.

Од Центарот за Јавно здравје истакнаа дека при биолошките анализи констатирано било дека на две мерни места водата е заматена и не се препорачува за пиење.

Од јавното претпријатие Водовод пак на став дека во вечерните часови има рестрикции, за да може во текот на денот граѓаните да добиваат вода. Причина за тоа била лошата хидролошка состојба, поради која изворите од каде градот и населените места се снабдувале биле 85% празни.

Стружани велат дека состојбата со водоснабдувањето во градот е неподнослива и најавија протест за в сабота пред просториите на „Проаква“.