Македонија
12. December 2020 - 16:33

Стружани на протест бараат трајно решение за проблемот со недостиг на вода

Стружани преку протест бараат трајно решение за проблемот со недостигот на вода во одредени делови од градот. Под мотото во време на пандемија без вода е трагедија граѓаните го изразија своето незадоволство. Тие велат дека Струга иако буквално лежи на вода со години мака мачат. Во станбените згради и на повисоките катови има слаб притисок, навечер воопшто нема, а при секои врнежи од дожд доаѓа до заматување на водата за пиење.

Во еден современ век на живеење срамота е да немаме вода за најосновните потреби во текот на денот велат граѓаните.

Иако собирот беше во мал број сепак стружани најавија дека не застануваат тука и дека ќе продолжат со протестите се додека не се реши овој долгогодишен проблем со водоснабдувањето во градот.