Охридската болница најавува изградба на систем за снабдување со течен кислород за сите одделенија
Охридската болница најавува изградба на систем за снабдување со течен кислород за сите одделенија. Довод има само во ново изградениот хируршки блок а во останатите болнички оддели се користат кислородни боци .Со оглед на тоа дека потребата е огромна постојано се прави дотур и навечер се организираат дежурни екипи кои ги пренесуваат тешките боци.Дневно се трошат по 50 боци кислород за лекување на пациентите заболени од Ковид 19 .
Кај пациентите владее страв најчестите прашања се дали има доволно кислород и лекови вели директорот на болницата Балевски кој додава дека често пати имале и притисок како од фамилиите така и од заболените за тоа каква терапија им се дава.
Инаку моментално во охридската болница има 15 слободни кревети за прием на пациенти заболени од Ковид 19 хоспитализирани се 100 лица од кои 50 се на кислородна подршка.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
