Македонија
29. December 2020 - 13:27

Засилени контроли во Охрид за време на празниците

Засилени инспекциски контроли во главниот туристички центар за почитување на мерките за заштита од ширење на Ковид-19, најавија од пазарниот инспекторат. Седум инспектори од градот на терен ќе ги контролираат угостителските објекти и станоиздавачи за Новогодишните и  Божиќните празници  со цел да се превенираат евентуални прослави. За три месеци инспекторите поднеле 12 прекршочни пријави.

Сите оние регистрирани  приватни станоиздавачи ќе може да ги издаваат своите апартмани и куќи, но со почитување на мерките во спротивно ќе следат казни велат инспекторите.

Покрај инспекторите за време на Новогодишните празници контроли најавија и од СВР Охрид на сите фреквентни места во градот во хотелите ,угосителските објекти и апартманите и апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од ширењето на заразата.