Охрид во новогодишно руво, но без празнична еуфорија
Главниот туристички центар украсен во новогодишно руво подготвен за дочекот на Новата година, но поради пандемијата предизвикана од коронавирусот ја нема онаа празнична еуфорија, нема прослава на градскиот плоштад, забави и концерти. Најбројни се домашните и тоа оние кои што си имаат свои викенд станови и некои индивидуални гости од подалечните земји но сепак изостанаа бројните туристи. Граѓаните оваа Нова година како што велат ќе ја дочекаат во домашен амбиент со најблиските.
По новите мерки за затворање на угостителските објекти во 18 часот, како и забрана за работа на рестораните и баровите во хотелите после 21 часот интересот за дочекот на Нивата година во Охрид е многу мал.
Најбарани за изнајмување се вилите и апартманите од страна на помладите од земјава.
Од охридската полиција и инспекторите за време на новогодишните празници најавија засилени контроли и апелираат совесно да се прославува без групирања и загрозување на јавното здравје.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
