Мирна новогодишна ноќ во Охрид
Охрид ја дочека најчудната Нова година.
Без прослави, концерти и дружби до раните утрински часови со затворени угостителски објекти во домашен амбиент Охрид ја дочека најчудната Нова година, согласно протоколите за заштита и превенција од Ковид 19 со желби за многу здравје и враќање на животот во нормала. Иако немаше организирани забави сепак точно на полноќ не изостанаа традиционалните огномети кои го осветлија небото над градот означувајќи го почетокот на Новата 2021 година.
Градоначалникот Георгиески на граѓаните им посака подобра и посреќна 2021 година додавајќи дека секоја криза е нова можност од која треба да извлечеме поука за да продолжиме напред.
Желбите на туристичките работници се што поскоро нормализирање на ситуацијата и враќање на состојбите како што беше изминатите години кога во градот за Новогодишните празници имаше илјадници гости.
Инаку за разлика од изминатите години како што велат од СВР Охрид новогодишната ноќ помина релативно мирно без инциденти и со една сообраќајна несреќа од Брзата Помош пак било интервенирано само кај две алкохолизирани лица и кај граѓани со покачен крвен притисок.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
