Исполнети храмови за втор ден Божиќ во Охрид
Пандемијата не ги спречи верниците да бидат дел од литургиите во Балканскиот Ерусалим. Денеска се празнува втор ден Божиќ посветен на мајката божја Пресвета Богородица свештениците велат дека македонскиот народ покажа и докажа дека е верен кој го сака бога и ја почитува црквата. Граѓаните согласно протоките палејќи свеќи се помолија за здравје мир, благосостојба и крај на коронавирусот.
Отец Азески вели дека оваа пандемија покажа дека човекот без бога е немоќен да се бори против било какво искушение па и со Ковид-19.
Божиќ се слави три дена. Православните верници од вчера се поздравуваат со зборовите Христос се роди - Навистина се роди. Се смета дека Божиќ е празник матица на сите други црковни празници, бидејќи со Христовото раѓање започнува и новата ера.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
