Струмица ќе добие нова болница проектот почнат, изградбата до 2017 година
Вака ќе изгледа струмичката болница. Карабината изградена пред 30 години ќе се претвори во модерна здравствена установа. Тендерот е распишан, градбата ќе почне во март, а објектот треба да биде готов пролетта 2017-та. Вредноста на проектот е проценета на 275 милиони денари.
- Иако предвидениот рок за овој проект кој го дадовме пред граѓаните во Програмата на Владата беше вториот квартал од 2017 – 2019 година, сепак Владата донесе одлука за повеќегодишна набавка, односно вложи заложби за ова исклучително значајно ветување за граѓаните од Струмица и струмичкиот регион да го реализираме, како што сме ветиле, па дури и пред предвидениот рок, истакна Никола Тодоров, министер за здравство.
Новиот објект ќе има два блока со површина од 6500 м2. Во болницата планирано е да има 83 болнички кревети.
- Според потребите во објектот предвидено е да се сместат следните содржини: Ургентен центар, приемен дел за стационирани пациенти, стационари за хируршки болести, ортопедија и трауматологија, уролошки болести, пластична хирургија, гинекологија и акушерство со неонатологија, одделението за очни болести и одделението за болести на уво, нос и грло. Исто така, во овој објект е предвидено да биде и оперативниот блок - составен од 3 операциони сали за општа и дигестивна хирургија, за трауматолошко-ортопедски интервенции и други чисти оперативни зафати, урологија и пластична хирургија, офталмологија и ОРЛ, како и интензивна нега, централна стерилизација, и лабораторија за патологија, додаде Тодоров.
Бенефит од изградбата на новата болница ќе имаат околу 230.000 жители од струмичкиот регион, а само годинава во болницата здравствевена услуга добиле 53.000 пациенти.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
