Македонија
11. January 2021 - 12:42

Охридско и Преспанско се уште под просекот, утрово се излеа Велгошка река

Врнежите од дожд ги зголемија водостоите во Охридскиот регион. Излеана е дел од Велгошка река, поплавен е локалниот пат, а зголемено е нивото и на реката Сатеска и Грашница. Жителите од Велгошти стравуваат дека водата се заканува да ги поплави околните куќи и ниви, причина како што велат за ваквата состојба се обилните дождови и неисчистеното корито на реката обраснато со треви трње и најразличен отпад. Тие се револтирани бидејќи со години се соочуваат со истиот проблем кој им нанесува штети.

Иста е сликата и на улицата Железничка каде при обилни врнежи од дожд постојано се соочуваат со поплави.

Од општина Охрид велат дека екипи на Јавните претпријатија и Локалната се излезени на терен на критичните места. Најголем проблем претствува  улица „Железничка“, каде што куќите се под нивото и самото тоа придонесува за поплавување на одредени локации. Додека Велгошка река последен пат била  чистена пред три месеци.