Македонија
30. January 2021 - 16:40

Локалитетите во Охрид целосно запуштени

Археолошките локалитети во Охрид кои имаат непроценлива вредност наместо заштитени затрупани со отпад.Несовесните граѓани градежниот шут и старата покуќина ги оставаат каде ќе им текне .Локалитетот Горна Порта каде пронајдени се дел од највредните археолошки артефакти во нашата држава, златната маска, златна ракавица и сребрени предмети обраснат со трња.Во период кога градот е на работ да се најде на листата на загрозени подрачја под закрилата на Унеско вредните споменици кои говорат за историјата на градот оставени сами на себе.

Археологот Паскали обвинува дека покрај археолошките локалитети се уништува автентичноста и ликот во стариот дел на градот .

Градоначалникот Георгиески со осуда за несовесните граѓани кои депонираат шут на несоодветни локации .

(„Упатувам јавна осуда за сторителите, а воедно и апел до граѓаните да покажат повисоко ниво на еколошка свест за сочувување на животната средина и јавните добра, особено на ваквите локации кои имаат големо значење за нашата историја и култура.“) напиша на социјалната мрежа фејсбук, Георгиески.

Посотојаните акции за чистење на дивите депонии и апелите за заштита на културното богатство ,природните убавини и животната средина засега не помагаат да се сменат ваквите лоши навики.

Од Завод и музеј тврдат дека археолошкиоте локалитети се соодветно заштитени, и најавија дека оваа година ќе продолжат истражувањата кај Горна Порта.