Македонија
30. December 2015 - 16:32

Новата Детска болница Козле и официјално почна да работи со пациенти

Новата Детска болница во Козле отворена за пациенти. Само до пладне биле примени и прегледани над 50 болни деца. Оваа здравствена установа е единствена од ваков тип во земјава и една од најмодерните во регионот.

- Болницата е најсовремена, со најдобри услови. Очекувам дека со ова и персоналот, но и пациентите ќе имаат многу подобри услови и за добивање здравствена услуга, но и за давање здравствени услуги, изјави министерот за здравство Никола Тодоров.

Во новиот објект че се изведуваат и нови процедури на лекување. Додека траеше изградбата голем број специјалисти беа на едукација во странски болници.

- Секое дете во болницата првпат ќе биде со својата мајка придружник, за деца до три години нема ништо да се плаќа. Нема, посочи, да го има она делење кое беше многу тешко, изјави прим. д-р Оливер Зафировски, директор на Детската болница Козле.

Болницата од темел се градеше 3 години. Инвестицијата е вредна околу 7 милиони евра.