Струга: Никој не пријавува семејно насилство
Семејното насилство во Струга речиси и да не се пријавува. И додека во останатите градови изолирањето на граѓаните, седењето дома, и не толку активниот социјален живот за време на корона кризата го зголеми бројот на насилство во градот на мостовите сликата е сосема поинаква во текот на оваа година во Центарот за социјални работи досега се евидентирани 2 случаи на семејно насилство. Причините вообичаено се различните карактери на брачните партнери, консумирање алкохол, неверство и коцкање од страна на мажот.
Стравот, потчинетоста, слабата материјална и станбена состојба на жртвите се едни од причините зошто не го пријавуваат насилството.
Жртвите поради економската немоќ, најчесто се помируваат со сторителот и продолжуваат заеднички живот, но насилството во домот се повторува.
Инаку според податоците на Центарот за социјални работи од Струга ниту една жртва од струшкиот регион не побарала засолниште во шелтер центарот во Охрид.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
