Охрид втор град по бројот на хоспитализирани
Охрид повторно втор во земјава по бројот на хоспитализирани пациенти. Во Ковид центарот моментално се лекуваат 90 лица од кои 80 отсто се на кислородна поддршка што е речиси двојно повеќе во споредба со изминатата недела кога тој број беше 50. Директорот на општата болница Балески вели дека состојбата од ден во ден станува се посериозна.
Ширењето на британскиот сој на вирусот предизвика сѐ поголем број помлади лица со тешка клиничка слика. Дневно во лекувањето се трошат и по 60 боци кислород.
Доколку бројот на пациенти продолжи да расте од охридската болница најавија дека повторно ќе бидат реорганизирани дел од другите болнички одделенија
Коронавирусот забрзано се шири во Охрид. Само вчера беа регистрирани нови 38 случаи позитивни. Инаку во моментов во градот има околу 460 активни случаи со Ковид 19.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
