Македонија
19. March 2021 - 20:32

Во Охрид се чека во долги редици за тестирање

Редици за тестирања за Ковид-19 во Охрид.

На социјалните мрежи врие од фотографии со стотици лица кои чекаат пред Центарот за јавно здравје. И додека ваквите слики предизвикаа страв и паника кај охриѓани поради зголемениот број на заболени од коронавирус изминативе денови.

Од Центарот за јавно здравје, велат дека повеќето од нив се лица кои вршат приватно тестирање, односно за лични потреби. Ваквата слика за Сител велат дека е секојдневна огромен е бројот на оние кои бараат тест заради патување во странство, само за час и половина денеска биле земени примероци за тестирање од 190 лица.

Инаку Охрид останува високо на листата градови со нови случаи на Ковид-19 и хоспитализирани пациенти, а она што загрижува е тоа што најголем дел од позитивните лица се до 40-годишна возраст.

Со оглед на тоа дека во Охрид забрзано се шири коронавирусот од општина Охрид и локалниот кризен штаб бараат заострување на мерките за групирање и движење како и одлука за зголемување на полицискиот час.