Кинеските вакцини први ќе пристигнат, масовната имунизација ќе се врши во спортски сали
Кинеските вакцини ќе ја стартуваат масовната имунизација во Македонија . Според информации на Сител првата пратка најверојатно ќе стигне наредната недела или најдоцна до крајот на месецот.
За да се зaбрза процесот на имунизација, еден од плановите на здравствените власти е да почне масовна вакцинација на граѓаните. За таа цел според нашите информации, ќе биде приспособена спортската сала Борис Трајковски. Ова се уште не е потврдено, но доколку плановите се остварат тогаш дневно ќе може да се вакцинираат многу повеќе граѓани. Само во постоечките пунктови за имунизација се очекува дневно да бидат аплицирани по 2.500 дози.
Идната недела известување треба да добијат спортиските клубови кој ја корстатат салата Борис Трајковски, а по нивното повлекување објектот ќе биде подготвен за непречена вакцинација на граѓаните.
Министерот Филипче не знае дали масовната имунизација би почнала со кинеската или со вакцината АстраЗенека. Тој тврди дека сите вакцини се безбедни.
Според последните сознанија, испораката на првите дози Астра Зенека од Ковакс механизмот би била на почетокот на идниот месец. За разлика од соседтвото според планот на здравствените власти во Македонија граѓаните нема да можат да изберат која вакцина ќе ја добијат.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
