Македонија
21. March 2021 - 16:29

Координирана акција на полицијата во Охрид против уличните питачи

Питачењето не стивнува и во време на пандемија. Во охридската чаршија пред дуќаните и градскиот кеј изминатиов период се почесто може да се забележат група на малолетници кои просат пари од минувачите, тие најчесто доаѓаат од други градови да заработат на лесен начин со питање. Од Центарот за социјални работи велат дека потребно е системско решение, односно отстранување на причините за појавата преку помош и подобрување на условите за живот на тие лица.

Десетина малолетници и две возрасни лица во градот затекналa охридската полиција во координирана акција со Центарот за социјални работи. Биле направени и повеќе контроли на живеалишта каде што тие лица привремено се сместуваат.

При организираните акции лицата кои питачат, се упатуваат до нивните места на живеење, но за жал за некој ден тие повторно се враќаат на улица.