Градоначалниците револтирани од најавите на министерката за култура
Општина Струга нема никаков проблем со заштитата на природното и културното наследство,покрај брегот на езерото и во заштитената зона нема градби со кои би се загрозил статусот на охридскиот регион тврди градоначалникот Рамиз Мерко по најавите на министерката за култура дека ќе иницира пред Владата да се разгледа можноста за одземање на ингеренциите на општините Охрид и Струга затоа што, според неа, немаат волја за заштита на светското природно и културно наследство впишано во УНЕСКО.
Градоначалникот на Охрид Георгиески пак тврди дека нема законска можност за одземање на ингеренциите како што најави Стефоска потенцирајќи дека откако е донесен планот за управување со охридскиот регион доследно се спроведува а покажале и решителност со тоа што веќе отстраниле дел од дивоградбите.
Од општина Дебарца пак која исто така е дел од заштитеното подрачје на став дека критериумите за заштита треба да бидат избалансирани и да не важат за сите населени места исто.
Инаку по последниот извештај на Унеско во кој имаше бројни забелешки поради недоволната грижа за природното и културното богатство се поизвесно е охридскиот регион да се најде на листата на заштитени подрачја во опасност.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
