Македонија
24. March 2021 - 21:16

Владата побара вонредна инспекција, запирање на градењето и информација за ресторанот Парк во Охрид

Вонреден инспекциски надзор и стопирање на градежните активности до утврдување на фактичката состојба кај ресторанот Парк Горица покрај брегот на езерото каде се планира изградба на хотел на три ката и потпокрив најави градоначалник Георгиески откако Владата побара од општина Охрид да превенира градежни работи и во рок од два дена да достави информација за важноста за одобрението за градба .

Георгиески тврди дека во градот се почитува планот за управување со Охридскиот регион.

Инаку, министерката за култура Стефоска пред неколку дена најави дека пред Владата ќе иницира да се разгледа можноста за одземање на ингеренциите на општините Охрид и Струга бидејќи немале волја за заштита на светското природно и културно наследство впишано во УНЕСКО.

Нејзината реакција дојде по градежните активности кои почнаа да се одвиваат на местото на поранешниот ресторан „Парк“.