Македонија
26. March 2021 - 12:42

Алармантна Ковид ситуација во Охрид

Забрзано се шири коронавирусот во Охрид. Mодуларната болница и интерното одделение се исполнети,a ќе се преадаптира и нервното  како ковид центар. Моментално во охридската болница се хоспитализирани 94 пациенти на возраст од 35 до 80 години, меѓу нив има и со исклучително тешка клиничка слика, 110 боци за кислородна поддршка се потрошени за 24 часа. Се полнат и болничките кревети во Ковид центарот во Кардиолошкиот Завод Свети Стефан.

Поголем број на здравствени работници од заводот за кардиоваскуларни заболувања беа позитивни на Ковид-19, но нивната здравствена состојба се нормализира и се враќаат на своите работни места.

Состојбата во градот е загрижувачка медицинските лица апелираат до граѓаните да се придржуваат кон препораките за заштита од Ковид-19.

Инаку моментално во Охрид има 616 активни случаи со Ковид 19 само вчера беа регистрирани нови 35 позитивни на вирусот.