Подготовките се при крај, од понеделник почнува имунизацијата во салата „Борис Трајковски“
Од понеделник салата „Борис Трајковски“ ќе биде отворена за масовна имунизација. На две врати ќе влегуваат граѓаните и од самиот влез ќе бидат насочувани за чекорите на вакцинација. Доколку со нив не ја носат потврдата за вакцина на бирото за информации ќе добијат ваков лист. Од тука ќе продолжат на пункт кај докторот каде ќе ја потпишат изјавата за доброволно имунизирање. Докторот потоа ќе ги насочи во која кабина да влезат за вакцина.
Системот „Мој термин“ целосно ќе биде поврзан со компјутерите во салата.
Аплицирање на вакцините ќе се одвива на секои 15 минути бидејќи толку време минимум граѓаните ќе седат во салата под опсервација на лекари. Од 8 наутро до 20 вечер дневно се очекува да бидат имунизирани 5000 граѓани. Првите две кабини се наменети за итна помош доколку на некој му се влоши состојбата по примање на вакцина. Директорот на здравствениот дом вели тимовите се подготвени а за точна бројка на нивни лекари чекаат информација од координативното тело.
Од вчера до денеска вакцинирани се речиси 90 проценти од пријавените граѓани повозрасни од 77 години од Скопје.
Само два отсто од граѓаните кои имале закажано термин не ја примиле вакцината велат од МЗ. Вакцини од вчера се аплицираат во три диспанзери во Скопје и здравствените домови ширум републиката.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
