Македонија
5. April 2021 - 12:42

Пазараните инспектори во Струга не затекнале прекршувања на протоколите

Пазарните инспектори од Струга во засилени контроли. Во првите три месеци од годинава извршиле 3800 проверки кај угостителски објекти од кои 11 заработиле прекршочни мерки од Законот за забрана за пушење, а затекнале и три нерегистрирани објекти. Од ДПИ апелираат до угостителите да работат совесно, ставајќи акцент на високите казни кои ќе следуваат за секое прекршување.

Споредбено со 2020 кога биле изречени 32 кривични пријави за организирање на свадби, непочитување на протоколите и работното време оваа година инспекторите не затекнале прослави на терен.

Инспекторите во координација со полицијата најавија дека ќе продолжат  со своите активности со цел доследно спроведување на мерките за заштита и превенција од ширење на корона вирусот и почитување на безбедносните протоколи во угостителски објекти.