Стартуваше судскиот процес за струшката депонија
Започна судењето за дивата депонија во Струга. Од македонското здружение на млади правници денеска на првото рочиште уште еднаш посочија дека депонијата претставува сериозна опасност по здравјето на стружани и животната средина и побараа нејзина итна дислокација. Тие ги тужат министерството за животна средина, општината и јавното кумунално претпријатие дека не превзеле мерки за справување со овој горлив проблем години наназад.
На денешното прво рочиште, тужените се повикаа на немање активна легитимација за поведување постапка, односно поднесување тужба од македонското здружение на млади правници.
Инаку ова е прва граѓанска тужба за струшката депонија по неколкуте неуспешни кривични пријави против непознат сторител.
Следното рочиште е закажано за 25 мај по што ќе се прави увид на самата депонија.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
