Македонија
24. April 2021 - 19:49

Пандемијата го стопира иселувањето, во подем апликациите, контактите со агенциите и изучувањето странски јазик

Пандемијата го стопира иселувањето во охридско струшкиот регион ,но апликациите ,контактите со агенциите и изучувањето на странски јазик се во подем. Младите едвај чекаат да се отворат границите речиси и да нема млад човек кој не размислува или планира да замине од државата во потрага по подобра заработувачка. Анализите направени од здружението за мултикултурна интеграција Инклузија покажуваат дека мотивите за ваквата состојба се различни но најчесто економски.

Европските држави, Америка и Австралија се земјите каде заминуваат младите тие купуваат билет за еден правец и најчесто не размислуваат да се вратат.

Двата крајезерски града интензивно се празнат, најживо е во текот на туристичката сезона и за време на празниците кога ислениците се враќаат во својата родна земја тогаш може да се  согледа фактичката состојбата какви биле Охрид и Струга во минатото.