27-ми април четири години подоцна - Што се промени и што очекуваат политичките партии?
Државата од раб на граѓанска војна стана членка на НАТО, се почитуваат човековите права, а парламентот повторно е храм на демократијата... Македонија е држава во која владее криминалот, корупцијата и неправдата, економски тоне, а еу-интеграциите стагнираат. СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со две сосема различни слики за тоа каде е државата 4 години по настаните од 27 април.
Партиите различно гледаат и на актуелизирањето на случајот со протестите за одбрана на осудените. За Заев тоа е бранење на вооружени насилници, за Мицкоски потребно да се даде нова шанса пред судот.
Ново судење бараат и дел од обвинетите и организаторите на тогашните протести.
Лидерот на Алијанса на Албанците Села кој беше повреден во настаните денеска пак, во затворот Идризово го посети Абдулфета Алими, осуден за настаните, а за кој верува дека е невин. Села дел од одговорноста за настаните ја лоцира кај ДУИ.
На денешен ден пред 4 години ескалираа протестите пред Собранието кои се прелеја внатре во зградата при што беа повредени неколкумина, меѓу кои и Заев. За настантите дел од обвинетите се осудени за тероризам, дел ослободени или амнестирани, а на дел се уште им се суди.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
