Loading Video...
Фудбал
28. April 2021 - 16:14

Силекс ја совлада Беласица, Вардар поразен во Велес

Попаднево се одиграа натпреварите од 30-тото прволигашко коло. Интересна беше битката за опстанок но и за европските позиции.

Во Струмица Силекс забележа значајна победа против фенерџијата Беласица од 3-1 и избега од позициите кои водат во баражот.  Гостите од Кратово уште во 13-тата минута го отворија резултатот по корнерот на Ристов кој во гол го претвори Ѓорѓиев. Само 4 минути подоцна домашните изнудија пенал и Демир обезбеди израмнување.  По израмнетото прво полувреме победникот се решаваше во вториот дел кога Силекс со головите на Манасиевски и нововлезениот Свилен Игнатов обезбеди сигурна победа од 3-1 против Беласица.

На дербито во Скопје Шкендија славеше со 5-3 против Шкендија во меч во кој двете екипи се менуваа во водството. 

Mарио Станковски, Ѓурѓевиќ и Јевтоски беа автори на погодоците за „романтичарите“, додека на спротивната страна погодија Вандерсон Да Силва, Хебај, Нафиу, Алими и Ибраими.
 
Во Велес пораз на Вардар во директниот дуел  за опстанок во ПМФЛ.  Стрелци на головите беа во победата од 2-0 беа Мишов и Адили.
 
На останатите средби Струга и Шкупи 0-0,  Академија Пандев-Ренова (1-1),и Македонија ЃП - Пелистер  3-0.