Македонија
30. April 2021 - 17:10

Туристичките места полни за продолжениот викенд - Има ли засилени контроли?

Охрид за  првомајските и велигденските празници исполнет со гости.Градот наликува на туристички центар најбројни на ривиерата се домашните но не изостануваат ни оние од нашето  соседство и тоа претежно од Србија и Црна Гора. Со оглед на тоа дека оваа година рестриктивните мерки се полабави има раздвиженост низ градот, кејот на Охридското Езеро, а има и гости по терасите на кафеаните.

(Долги години традиционално доаѓаме во охрид и носиме наши гости од Црна гора и затоа дојдовме  по повод првомајските и велигденските празници, ќе останеме три дена колку што траат празниците .)

Од СВР Охрид  најавија засилени контроли околу 100тина полициски службеници ќе патролираат на најфреквентните локации во градот, , летните тераси на угостителските објекти и верските храмови.

Верниците вечерта за празникот Велигден ќе може да одат во верските храмови свештените лица апелираат да се почитуваат мерките за заштита од ширењето на заразата.

Туристичките работници се надеваат oва лето да биде подобро од лани ,доколку пандемијата со коронавирусот стивне  ќе се зголеми и интересот за резервации, како од домашните, така и од странските туристи.