Македонија
7. May 2021 - 12:33

Традиционална Ѓурѓовденска литија во Струга

Струшката Ѓурѓовденска литија годинава втор пат ќе се одбележи во пандемија организаторите најавуваат строги здравствени протоколи без бројните верници.Нема да биде дозволено групно движење зад верските лица а ќе изостанат и оркестар и традиционалните торжества. Од полицијата информираат дека ги презеле сите неопходни мерки за безбедно одвивање на црковната процесија и апелираат до граѓаните настанот да го следат од страна, без придружување кон поворката, со целосно почитување на препорачаните мерки за заштита од Ковид 19 доколку сакаат да се поклонат пред моштите на Свети Георгиј Победоносец и чудотворната икона на светецот.

Ќе се изврши физичко покривање на поширокиот дел од црквата „Св. Ѓорѓи“ како и целокупната траса по која ќе се движи црковната процесија и нема да дозволи групно движење позади поворката. ОВР Струга апелира до верниците, настанот да го следат од страна без придружување кон поворката и целосно придржување до препорачаните хигиенско-безбедносни мерки со цел, заштита на јавното здравје на населението од COVID-19, информираат од СВР Охрид.

Литијата ќе биде составена од локалното свештенство и монаштво. А ќе бидат ангажирани други црковни лица и претставници на агенција за обезбедување, со цел непречено и безбедно одвивање на предвидениот верски настан.

Традиционално на вториот ден Ѓурѓовден, 7-ми мај, во Струга се одржува Литија со моштите од Свети Георгиј Победоносец од истоимениот манастир во Рајчица. Инаку лани и покрај препораките од организаторите сепак  низ струшките улици имаше голем број на верници.