Посебна Комисија под контрола на Владата ќе одлучува кој може да извршува висока јавна функција
Не собраниска тело, туку самостојна Комисија со свој буџет, но која ќе одговара Владата ќе го прави изборот на секретари и раководни лица во државните и локални иституции и јавните претпријатија. Ова е измената која ја најавуваат од Владата за попрофесионална и департизирана јавна служба. Од Владата уверуваат дека Комсијата ќе биде професионална.
Според министерот за да се стане секретар или раководен јавен службеник ќе биде потребно 10 годишно работно искуство, од кои најмалку две години на раководна позиција во јавен или приватен сектор. Комисијата ќе прави селекција преку интервјуа, а изборот ќе мора да се направи од тројцата најдобри кандидати.
Според првата антикоруционерка Ивановска, иако и сега постојат закони со постапки за избор на профеисонални кадри, сепак однапред се знае избраниот кандидат.
Пакетот закони се најавува дека ќе влезе во владина процедура до крајот на јуни, а во парламентот во текот на летото.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
