Македонија
1. јуни 2021 - 19:43

Градоначалникот на Охрид тврди дека се посветени на препораките од УНЕСКО

На 4 јуни УНЕСКО ќе го објави најновиот извештај а оној кој имавме можност да го видиме е нацрт верзијата и се однесува на периодот додека беше присутна реактивната мониторинг мисија во јануари 2020 година потенцира градоначалникот Георгиески. Тој најави дека општината останува посветена на исполнувањето на препораките и покрај тоа што има веројатност Охридскиот регион  да се најде на листата на светско природно и културно наследство во опасност.

Георгиески најави дека ќе продолжи да сe руши нелегалната градба долж охридското крајбрежје. Општината направила и финансиска анализа која покажала фрапантни цифри на остварен приход во период кога поранешните концесионери немале активни договори за концесија.

Инаку Унеско вчера го објави извештајот по односс на реактивната мониторинг мисија кој е во целост идентичен на нацрт веријата што на почетокот на годинава беше доставен до институциите.