Левица по примерот на Џафери ја блокира амандманската расправа по Законот за државјанство
Левица“ со долгочасовни говори и процедурални забелешки на Комисијата за одбрана ќе се обиде да ги блокира измените на Законот за државјанство и амандманите на Алијанса, Алтернатива и СДСМ.
Пратеникот Апасиев најави дека ќе го користи филибастерингот кој пред речиси една деценија со долги говори, читање поезија и молчење го примени тогаш пратеник, а сега собраниски спикер Талат Џафери бидејки за Левица овие законски измени се неприфатливи.
Претходно и опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку процедурални забелешки се изјасни дека амандманите се лоши, а дел и противуставни. Предлагачите Алијанса и Алтернатива велат прашањето да не се политизира бидејќи се работи за помош на неколку илјади граѓани.
Власта и алабанската опозиција договорија 10 амандмани на предложените измени на законот за државјанство. Со еден од нив се овозможува сите граѓани од поранешна СФРЈ кои до независноста на Македонија живееле на оваа територија, а останале без државјанство да го добијат сега со приложување на еден документ. Покрај ова, се прават измени и во редовната постапка за добивање на македонски документи.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
