Македонија
3. јуни 2021 - 17:00

Собранието блокирано со амандмани од ВМРО-ДПМНЕ и Левица

Парламентот пред нова блокада. Како што брифираат од ВМРО-ДПМНЕ подготвиле неколку десетици амандмани на измените на законот за државјанство кои како комисиски ќе ги поднесуваат усно со говори на Комисијата за одбрана. Најголем проблем лоцираат во либерализирањето на условите за добивање македонски документи.

Од оваа партија денеска со најава и за можна блокада на Законот за урбанистичко планирање во кој се предвидува дека не мора да постои целосна усогласеност на деталниот со генералниот урбанистички план.

И Левица со блокада на овие два закона. По вчерашниот филибастеринг за државјанство, веќе поднеле 1230 амандмани и на законот за урбанистичко планирање.

Од СДСМ велат дека ВМРО-ДПМНЕ и Левица се неодговорна коалиција.

Во парламентот блокиран со амандмани од ВМРО-ДПМЕН е и новиот клинички центар, а тука се и илјадниците амандмани на 20 законски решенија на Алијанса и Алтернатива кои ги блокираат законите се додека не се донесе законот за државјанство согласно договореното со СДСМ.