Угостителите од Охрид бараат да запре уривањето на дивоградби во сезона
Охридскиот угостителски еснаф бара итна седница на советот и одлагање на рушењето до крајот на туристичката сезона. Тие сакаат да се слушнат ставовите на сите засегнати страни, да се изнајдат решенија за усогласувања на објектите долж Охридското езеро согласно препораките на УНЕСКО и да се знае конечната визија за тоа како би требало да биде уредено крајбрежјето во интерес на градот .
Градоначалникот Георгиески пак на последната прес конференција посочи дека нема да има селективност во уривање на плажите чии концесии се истечени уште пред неколку години и најави дека акциjата ќе продолжи и во градската зона од каналот „Студенчишта“ кон „Горица 1“ и плажите во делот на населбата „Канео“.
Од Советот пак на општината појаснуваат дека итна седница може да се одржи само на барање на советници или на градоначалникот. Предлогот бил испратен до сите советнички групи, следува состанок по што ќе биде соопштен ставот на Советот по иницијативата.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
