Делта сојот е веќе присутен во соседството - Како делува, какви последици остава и што да се направи?
Делта сојот кој веќе е регистриран кај два случаи во Србија и десетици во Грција носи нова опасност летово. Летните одмори надвор од земјава може да предизвика граѓаните брзо да го рашират новиот индиски сој. Др.Злате Мехмедовиќ предупредува на брзо ширење на вирусот и порачува да се преземат превентивни мерки за заштита. Овој сој според него е доста по инфективен и може за кратко време да ги преполни болниците.
За да не дојде до такво сценарио потребно е брзо да се реагира, но и да продолжи масовната вакцинација. Според истражувањата вакцините можат да го заштитат населнието и да спречат смртни последици од овој сој.
Во однос на опасноста од брзото увезување на вирусот апел упати и др. Нико Беќаровски од клиниката за токсикологија. Беќаровски порача иселениците кои ќе се враќаат дома летово, претходно да се вакцинираат или да направат ттест за Ковид-19 24 часа пред да тргнат на пат.
Неколку студии од експерти во Европа покажале дека делта сојот е за околу 60 проценти позаразен од другите варијанти на Ковид-19. Германски генерален секретар на друштвото за детска и младинска медицина веќе апелираше во Бундестагот дека оваа варијанта на вирусот е многу по заразна но според него помалку опасна во поглед на смртноста. Имунолог од Универзитетот во Риека пак смирува дека оние кои примиле две дози на вакцина не треба да се плашат а оние кои го прележале вирусот делумно се заштитени бидејќи овој сој може да го избегне постоечкиот имунитет. др Златко Тробоњача предупредува дека коронавирусот може да стане уште поопасен и заразен со оглед на фактот дека се шири низ целиот свет .
Пријавени се 484 мутации кај вируси со потекло од различни делови на светот, но од овој индиски вид можеме да видиме дека тоа не е така, туку дека овој вирус открил некои нови мутации кои значително ја зголемуваат неговата инфективност од една страна и барем во одредена мера, исто така, се избегнува постојниот имунитет“
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
