Вакцинација и на среќа - Од понеделник приоритет наставниците
Од денеска во функција сајтот за ревакцинација за оние кои примиле прва доза надвор од државата, но на располагање се само дози од Синовак. За граѓаните кои примиле прва доза на Фајзер, Синофарм или некоја друга вакцина нема да добијат термин овде. Се оди по систем на селекција во зависност од тоа какви единици има во депото. Опозициската ВМРО ДПМНЕ со закон ќе бара да се рефундираат пари за 40 илјади граѓани кои биле приморани да примаат вакцина надвор од земјава зошто овде власта не им овозможила услови.
Во салата „Борис Трајковски“ вакцина примаат и граѓани кои дошле на среќа без термин иако надлежните најавија дека слободно имунизирање без термин ќе биде можно дури откако ќе се опслужат сите кои закажале.
Од понеделник како критична група ќе се вакцинираат 8 ипол илјади вработени во основни и средни училишта кои до сега не добиле термин. Според информации од МЗ се планира за една недела да бидат сите вакцинирани а потоа ќе се прават списоци и од високообразовните устсанови следната недела. Во салата „Борис Трајковски“ во меѓувреме тековно ќе се аплицираат вакцини за граѓаните кои добиле термин.
До сега преку веб сајтот интерес пројавиле 484.220 граѓани. Во државата вкупно аплицирани се речиси половина милион дози а ревакцинирани се 227.851 граѓани.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
