Ќе ја прифати ли Зијадин Села Резолуцијата за црвените линии?
Алијанса на Албанците вечерва на состанок на потесното раководство на партијата ќе го донесе конечниот став за Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за Црвените линии во спорот со Бугарија. Партијата на Села е последна за изјаснување за документот кој изминативе денови по состаноци со опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја доби поддршката од сите партии.
Од владејачката СДСМ пак, по повод Резолуцијата реагираа дека опозицијата не може да ги почитува одредбите на македонскиот Устав селективно и прашуваат дали пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја предлагаат Резолуцијата за да се усвои или за да заглави во формални процедури заради нивниот лажен патриотизам? Бараат ВМРО-ДПМНЕ да ја прифати Преспанската спогодба како реалност.
Но, и покрај ваквите забелешки, СДСМ не ја повлекува поддршката за Резолуцијата.
ВМРО-ДПМНЕ вечера ја испрати Резолуцијата до спикерот Џафери со назнака до претседателот на Собранието на С.Македонија . Во самиот докуменет пак, Република Македонија се споменува на две места кога се цитирааат имиња на веќе донесени документи од парламентот.
Од кабиентот на Џафери нема информација дали документот го сметааат за уреден и кога ќе биде на седница. Неофицијално, тој би можел да се најде пред пратениците по 15 јули односно по гласањето за ребаланс на буџетот.
Во Резолуцијата се содржат 8 точки кои ја обврзуваат Владата во преговорите со Бугарија да ги почитува јазикот и историјата врз основа на фактите што ги утврдила македонската и светската наука.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
