Македонија
15. July 2021 - 16:41

Резолуцијата со црвените линии сепак пред пратениците

Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за црвените линии во разговорите со Бугарија на седница веројатно ќе се најде на 22 јули, најавува спикерот Талат Џафери. Сепак, опозициската партија се обиде документот да го стави на дневен ред уште на денешната седница.

Всушност, ова е прво признание на Џафери дека Резолуцијата сепак е примена од него со назнаката С. Македонија и е уредна, па ќе биде распределена на седница. Но, станува неизвесно дали документот ќе остане таков каков што е или сепак, на седница власта ќе го модифицира со уставното име имајќи предвид дека тоа е услов од владејачката СДСМ.

Во меѓувреме од Левица најавија дека ќе ги блокираат сите закони во парламентот кои доаѓаат од власта. Причината е договорениот законот за државјанство на Алијанса и Алтернатива со власта кој Владата го поднесе со европско знаменце за да го спречи филибастерингот токму на Левица.

Апасиев, пак, реагираше и на седница на спикерот Џафери за двојазичните собраниски материјали и му порача на спикерот Џафери дека повеќе нема да ги прима бидејќи тој не е пратеник кој зборува јазик различен од македонскиот.