Македонија
26. August 2021 - 16:58

Викендов финални партиски одлуки за локалните избори

„Сите ми се драги, но битно е дали сработиле доволно“, ова е коментарот на лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев за тоа зошто се уште се двоуми да им даде шанса за втор мандат на градоначланиците на скопски Центар и Аеродром, но и на Куманово и Битола.  Иако се работи за едни од клучните и најголеми општини во државата СДСМ завчера не одреди кандидати за нив.

Заев вели партијата тоа ќе го направи наредните неколку дена, но и дека има време до 11 септември, кога треба да се знае конечната листа на кандидати.

Независно од партиската одлука, Максим Димитриевски најави дека ќе трча за нов мандат во Куманово бидејќи според него, тој најдобро котира на анкетите.

Заев не гледа проблем ни во тоа што и покрај договорената предизборна соработка со БЕСА, ДУИ и ДПА овие партии најавуваат самостоен настап во поголемите албански општини и си конкурираат меѓусебе.

 „Гледаме дека Беса, иако е помал колаициски партнер од СДСМ и од ДУИ, секаде каде што може настапува со свои кандидати. Затоа даваме шанса, кој и да е од нашие колалициски партнери, ДУИ, Беса, ДПА чиј кандидат ќе добие најголема поддршка од граѓаните, да го поддржиме сите во вториот круг, наспроти опозицијата“, рече Заев.

СДСМ вчера објави свој кандидат за градоначалник на Тетово, а се очекува Беса во Тетово да оди повторно со партискиот лидер Билал Касами. Трка за втор мандат се највува и за Теута Арифи од ДУИ.

За опозцијата ваквите кмбинаторики се замо доказ дека интересот е гола власт.

ВМРО-ДПМНЕ, пак, својата предизборна коалиција со Алијанса на Албанците и Алтернатива, очекува да ја официјализира до наредната недела.

Опозциската партија до крајот на неделава ќе одлучува и за тоа дали за град Скопје ќе оди со свој кандидат и кој иили пак, ќе ја даде поддршката на независен кандидат. Претходно имаше информации дека ВМРО-ДПМНЕ во Скопје ќе ја поддржи претседателката на Сојузот на стопански комори Данела Арсовска која веќе ја објави својата независна кандидатура.