Курир: Ременски продолжува со партизацијата на министерството
Порталот Нетпрес дојде до сознанија за партизација која се врши во установите за социјална заштита, одлуката на техничката министерка за разрешување на директори на Центри за социјална работа и други јавни установи, за која заменикот Диме Спасов поднесе тужба.
Нетпрес повикувајќи се на добро упатени извори, пишува дека се работи за смислена операција на промена на легитимно избраните директори со членови на СДСМ кои веќе работат во Центрите. Новите директори според порталот биле назначени во соработка на општинските организации, а имињата биле договорени во текот на новогодишните и божиќните празници
Нетпрес пишува дека со назначувањето на директор на Јавна установа Завод за рехабилитација на деца и младинци од Топанско поле-Скопје, покрај тоа што е поставен проверен партиски кадар туку и прекршени се условите за избор на в.д директор. Ременски за прв човек на установата го поставува Љупчо Кец Мицковски, член на СДСМ од Сопиште, поранешен градоначалник и советник во општината.
Според Нетпрес неговото назначување за в.д директор е незаконско бидејќи Мицковски има несоодветно образование дипломиран инжинер агроном спротивно на условите. Согласно Статутот на јавната установата за директор може да биде избрано лице кое покрај општите услови предвидени со Закон,треба да ги исполнува посебни услови:да е дипломиран дефектолог, педагог, психолог, социјален работник или Дипломиран правник.
Исто така Мицковски на јавноста и е познат по настанот во 2008 кога под дејство на алкохол со службено возило прегази членови на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои имаше повреден.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
