Македонија
8. September 2021 - 16:48

Орден „8 Септември“ за Стојан Андов и првиот парламентарен состав на независна Македонија

Стојан Андов и пратениците од првиот парламентарен состав одликувани од претседателот на државата со орден 8ми септември. Претседателот Пендаровски орденот на првиот претседател на собранието му го доделил претходно неколку дена дома а нивниот разговор за овој  историски чин го емитуваа на видео бим на церемонијата во Вила Водно.

На денешната свеченост орден за највисоки државни почести добија и пратениците од првиот мандатен состав од 1990 до 1994 година. Дел од нив беа присутни на церемонијата. Во име на сите орденот го прими највозрасниот претседавач на Собранието кој ја водел првата конститутивна седница, Никола Стојановски кој е на 98-годишна возраст.

На доделувањето беа присутни претставници на државниот врв, поранешни и актуелни пратеници како и нивни роднини и претставници на  политички партии.