Македонија
3. October 2021 - 16:42

Четвртоодделенците учат од скрипти наместо од дигитални учебници - премиерот вели ова се први чекори во снегот

Фотoкопирани скрипити, проблем со дигиталните табли во училница, учебници во пдф формат ставени на лаптопите дома, читање на лекциите во училишната библиотека... и по еден месец од почетокот на учебната година четвртоодделенците и нивните родители се уште мака мачат да се научат училиштните лекции откако Министерството за образование ја воведе дигитализацијата на наставата.

Поради ваквата состојба од групата на родители „Учебници и настава мора да има“ утре до Народниот правобранител ќе достават претставка, а подготвуваат и реакции до неколку институции. Направиле истражување во над 80 училишта кои покажало како што викаат очајна ситуација со наставата во 4 одделение.

Премиерот Заев амортизира. Вели да се има трпение во процесот, но дека дигитализацијата е неопходна.

Од Министерството за образование пак, тврдат дека смарт табли имаат речиси сите училиштата, дека наставата од 1 септември се одвива непречено.

„Министерството е во постојан контакт и координација со училиштата и општините и засега нема пријавени потешкотии во текот на спроведувањето на реформата...Мора да напоменеме дека дигиталниот учебник или пак, електронскиот уред не се користат интензивно во наставата. Во училницата и понатаму главна алатка за совладување на наставната материјал е интеракцијата наставник – ученик“, велат од министерството.

Од образование тврдат дека набавени се 10 илјади таблети, од кои 3.500 се распределени во училиштата за деца кои се од социјално загорозени семејства и доколу некое дете се уште има има потреба од уред тоа ќе му биде овозможено.

„МОН испечати тираж за 20% од бројот на ученици во генерацијата која е сега четврто одделение. Така што, нема потреба од индивидуално печатење на учебниците, додека пак, печатењето заради бизнис цели подразбира повреда на авторски права“, предупредуваат од министерството на Царовска.